Qualcomm ја претстави својата визија за паметни очила кои работат независно од телефонот и интернет-врската, со вештачка интелигенција (AI) која работи локално на самиот уред.
Очилата RayNeo X3 Pro Smart Glasses, напојувани од новиот чип Snapdragon AR1+, се способни да извршуваат различни задачи, од наведување состојки за јадење до обезбедување одговори во реално време. Според Qualcomm, ова ги прави навистина автономни уреди.
Иако концептот на паметни очила напојувани со вештачка интелигенција не е сосема нов, пристапот на Qualcomm ја елиминира потребата од постојана врска со интернет или телефон, што е значаен чекор напред во развојот на оваа технологија. Целата обработка на вештачката интелигенција се случува на самиот уред, без да се потпира на cloud computing или надворешни уреди.
Qualcomm ја демонстрираше технологијата на AWE USA, најголемата глобална конференција за XR технологии, и покажа како таа може да им помогне на корисниците да купуваат намирници преку обезбедување информации за состојките на одредено јадење.
Покрај тоа што е независна од телефонот и облакот, визијата на Qualcomm за on-glass GenAI технологија отвора врата за развој на други мали уреди на кои не им е потребен облак, интернет или мобилен телефон за да бидат „паметни“.
Сегашните паметни очила, иако не се гломазни, сепак не се толку елегантни како обичните. Snapdragon AR1+ треба да овозможи потенки и полесни уреди, бидејќи поддржуваат работа со мали јазични модели како Llama 1B, што ја намалува потребата од хардвер.
Компанијата вели дека платформата Snapdragon AR1+ 26% помала од претходните генерации и дека носи подобрувања во потрошувачката на енергија и квалитетот на сликата. Иако Qualcomm не откри информации за достапноста на производи базирани на Snapdragon AR1+, демонстрацијата послужи како доказ за концептот.
Поврзани артикли