Роботот разговара со клиенти, ги зема нивните картички, ги проверува сметките и овозможува внесување на пин, а може да одговори и на неколку основни прашања. После краток разговор, клиентите поминуваат преку електронска врата каде се скенираат нивните лица и личната карта.
За сите идни посети на оваа банка доволно ќе биде скенирање на лицето за вратата да се отвори. Во банката е возможно да се отвори и нова сметка, да се изврши трансакција на пари и да се менуваат валутите.
Во банката има уште еден робот кој ги пречекува клиентите, а тука е и посебна просторија во која клиентите преку видео линк ќе можат да разговараат со вистински луѓе вработени во банката.
Банката е опремена и со неколку безбедносни камери, а секоја сомненителна активност е аларм за членовите на обезбедувањето. Во Кина постојат поголем број на роботи кои се користат во најразлични цели, па така некои од нив се поставени и на железничките станици од безбедносни причини.
Шефот на кинескиот e-commerce гигант JD.com неодамна изјави дека роботите во иднина ќе ги заменат и луѓето во продавниците. Роботите во Кина денеска се користат за готвење, како во ресторани, така и во индустриските кујни. Роботизирани келнери исто така постојат, но се уште се доста бавни.
Извор: Klix.ba