Panasonic ја презентираше првата компактна камера со вграден EVF (мини екран). Lumix TS7 има висока резолуција од 20.4 мегапиксели, CMOS сензор како и f/3.3-5.9, 28-128mm леќа.
Исто така, камерата може да поднесе пад од над 2 метри и е отпорна на вода до длабочина од 30 метри. Екранот е релативно мал и со ниска резолуција (0.2 инчи со 1.1. Милиони пиксели и 0.45 зумирање).
Брзината на снимање е 10 слики во секунда со автоматски фокус и 5 слики во секунда со AF опцијата вклучена. Камерата исто така може да снима 4K видео на 24р и 30р, 1080р на 60р како и 120 слики во секунда на забавена снимка на резолуција од 720p.
Камерата, исто така, вклучува 3-инчен екран за прегледување на фотографии, LED осветлување, WiFi и опцијата на Panasonic која што дозволува да се извади фотографии од 30fps видео со квалитет од 8 мегапиксели.
Единствена конкуренција на овој модел му се Olympus Tough TG-5 и Nikon Cookpix W300, но FT7 е единствениот модел кој вклучува и LCD и EVF.
Камерата ќе биде пуштена во продажба летово во сина, портокалова и црна боја со цена од 450 долари во Англија.