Желбата на Елон Маск да испрати луѓе во Вселената е исклучително амбициозна, а најдоброто од се е дека се ближи до остварувањето на својот сон.

Оваа година веќе успеа да испрати ракета во Вселeната, а сите желно го очекуваат неговиот следен потег.

Меѓутоа, ништо од ова не би било можно да ја немаше NASA, чии технолошки откритија не отворија пат за визионерите како што е тој.

Со оглед на тоа дека Маск е еден вид на конкуренција на NASA, сигурно би помислиле дека помеѓу нив владее големо ривалство, но вистината е сосема поинаква.

Маск буквално ја обожува вселенската агенција. Всушност, толку е фасциниран што некогаш неговата лозинка гласеше според неа. На неодамна одржаната конференција, Маск откри како некогаш гласела неговата лозинка.

– Толку ја сакам NASA што мојата лозинка за многу работи беше ILoveNASA. Баш како и пријател кој се грижи за вас, NASA понекогаш може да биде напорна, но ја обожувам, изјави Елон Маск во таа прилика.