Omega претстави нова генерација од својот модел Railmaster.
Новиот Railmaster доаѓа во два дизајни со дијаметар од 38 мм, доближувајќи ја линијата до оригиналот од 1957 година, а воедно останувајќи во согласност со модерната линија Aqua Terra.
Новиот Railmaster за 2025 година има куќиште од не’рѓосувачки челик со дијаметар од 38 mm, дебелина од 12,4 mm и компактна должина од 44,9 mm. Куќиштето комбинира брусени и полирани завршни обработки и има круна што се завртува, обезбедувајќи водоотпорност до 150 метри.
Достапни се две нови варијанти на бројчаникот, кои се разликуваат не само по боја.
Првиот модел има целосно сив бројчаник со централна секундарна стрелка. Сивиот бројчаник има мал црн градиент кон работ, кој се затемнува доволно за ефектот да биде забележлив, но сепак е направен со вкус.
Големите нумерички индекси на позиција три, шест, девет и дванаесет, ги надополнуваат препознатливите маркери со стрелки.
Вториот претставен модел е Railmaster со беж/кафеав бројчаник и мали секунди. Темните нијанси се присутни и овде, со можеби повпечатлив ефект поради разликата во бојата помеѓу центарот и работ. Кај овој бројчаник, стрелката за секунди е лакирана во беж боја за да го надополни „винтиџ“ дизајнот.
Иако и сивата и беж варијантата се достапни со ременче, се претпоставува дека повеќето купувачи ќе го сакаат овој часовник со нараквица. Дизајнот на нараквицата, заедно со дизајнот на куќиштето, е јасно преземен од Aqua Terra, со полирани централни алки и копче во форма на „пеперутка“.
Кога станува збор за механизмот, зборуваме за Co-Axial Master Chronometer Caliber 8806 (за сивиот бројчаник со централни секунди) и Caliber 8804 (за бежовиот бројчаник со мали секунди).
Калибар 8806 е добро познат во асортиманот на производи на Omega – присутен е во сите модели на Seamaster кои прикажуваат само време, како и во претходната генерација на Railmaster.
Калибар 8804, варијанта на серијата механизми 8800 со мала секундарна стрелка, е можеби малку поредок, па затоа е добро да се види како се користи тука.
Новиот Omega Railmaster во сива верзија со нараквица чини 5.400 долари, додека беж верзијата чини 6.400 долари.