Претстојниот врвен телефон од кинескиот гигант се појави на фотографии.

Ретко се случува информации за необјавени телефони да не протечат на интернет, а таа судбина не го избегна ниту Xiaomi 16.

Се очекува Xiaomi 16 да биде претставен на настан во септември, кратко откако Qualcomm ќе го претстави својот чипсет Snapdragon 8 Elite 2 што ќе го напојува уредот.

Сега се појавија CAD рендери од телефонот Xiaomi 16, кои го покажуваат неговиот дизајн.

Фотографиите прикажуваат двобоен дизајн, со модулот на камерата во горниот лев агол на задната страна. Дизајнот на „шеснаесетката“ наликува на Xiaomi 15, но е поисполиран.

Според претходните гласини, Xiaomi 16 ќе добие перископска телефото камера и екран помеѓу 6,32 и 6,36 инчи.

Xiaomi 16 треба да има батерија од 6.800 mAh со поддршка за полнење од 100W преку кабел, а имаше и тврдења дека ќе има најдобар екран меѓу уредите од таа големина.