Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми.

Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс.

Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите за FP-1 да има поголем домет и носивост. Најголемата разлика во споредба со постарите дронови е тоа што нема подвозје. За разлика од PD-1, кој полетува на тркала, FP-1 се лансира од рампа под агол, користејќи ракетен потисок од трупот.

Дронот беше официјално претставен во јавноста за прв пат на неодамнешниот саем во Киев, но се произведува од минатата година и веќе се користи во борба.

Украина се повеќе се потпира на сопствените ударни беспилотни летала, кои редовно напаѓаат цели како што се воздушните бази и рафинерии длабоко во руската територија.

FP-1 се проценува на повеќе од 100.000 долари.