Еден од најдоверливите дојавувачи, Еван Блас, објави детали за моделот Samsung Galaxy 25 Edge, кој се очекува да биде објавен во мај.
„Запознајте го Galaxy S25 Edge, каде што ултратенкиот дизајн се среќава со врвни перформанси. Со само 163 грама, доволно е лесен за лесно да се смести во вашиот џеб, без да се прави компромис со моќноста“, напиша Блас на својот Твитер профил.
Како што додава тој, Galaxy 25 Edge ќе има камера од 200 MP, а во изјавата што ја објави (што изгледа како официјално соопштение од Samsung) се вели дека има и „целодневно траење на батеријата, а паметните функции со вештачка интелигенција гарантираат дека ќе биде во чекор со вашите најнапорни денови“.
Посебен акцент е ставен на тенкиот дизајн кој е „доволно издржлив за да издржи секојдневни удари“, со титаниумска рамка и предно стакло Corning Gorilla Glass Ceramic 2.
Кога сме кај тенкиот дизајн – Samsung Galaxy S25 Esge ќе биде дебел само 5,8 mm и тежок 163 g, што значи дека е најтенкиот Samsung досега.
Во срцето на овој уред ќе биде најдобриот чип достапен за телефони во моментов: Qualcomm Snapdragon 8 Elite. Според најновите информации, овој уред е закажан да излезе на 13 мај, а ќе чини 1.049 долари во Јужна Кореја.