Социјалната мрежа Instagram почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст во апликацијата, објави компанијата Мета, која е сопственик на платформата.
Meta веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на разни апликации, а Instagram сега, како што е наведено, проактивно ќе пребарува сметки за кои постои сомневање дека им припаѓаат на тинејџери, кои имаат погрешно внесен или поран датум на раѓање при регистрацијата на сметката.
Доколку се утврди дека корисникот ја фалсификувал својата возраст, сметката автоматски ќе се претвори во „тинејџерска сметка“, што има повеќе ограничувања од сметката за возрасни.
Тинејџерските профили на Instagram се автоматски заклучени или приватни, што значи дека корисниците можат да ги следат овие профили само ако сопствениците им дозволат тоа со прифаќање на барање за следење, а пораките што ги прима сопственикот на профилот се исто така заштитени, што значи дека примаат пораки само од корисници со кои веќе се поврзани на апликацијата.
Содржината што е прогласена за „чувствителна“, како што се сцени на физичко насилство или промоција на пластична хирургија, исто така е ограничена, рече Meta.
Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања ако поминале повеќе од еден час на апликацијата, а воспоставен е и „режим на спиење“, кој ги исклучува известувањата за дојдовни пораки помеѓу 22 часот и 7 часот наутро следниот ден и автоматски одговара на некои од нив.
Meta додава дека вештачката интелигенција што ќе се користи за овие цели е обучена да бара одредени сигнали, како што се видот на содржина што се појавува на сметката и информациите за профилот за да се утврди возраста на нејзиниот сопственик.
Компаниите за социјални медиуми се соочуваат со сè поголем надзор поради влијанието на апликациите како Instagram, X и TikTok врз менталното здравје на помладите корисници.