Honor претстави сосема нова серија телефони наречена Power, а истоимениот модел располага со огромна батерија – со капацитет од 8.000 mAh.
Импресивно е што толку голема батерија е спакувана во куќиште што е потенка од 8 mm и користи висок процент на силикон, што овозможува исклучителна автономија: до 25 часа репродукција на видео, 23 часа скролање на TikTok, повеќе од 23 часа GPS навигација и околу 14 часа играње.
Телефонот поддржува брзо полнење од 66 W, а иако нема официјални податоци за времето на полнење до 100%, производителот тврди дека само 2% се доволни за еден час разговор или скенирање на 100 QR кодови, пренесува GSM Arena.
Honor Power се напојува со Snapdragon 7 Gen 3, познат по моделите Honor 100, 200 и 300, со до 12 GB RAM и до 512 GB внатрешна меморија.
Екранот е OLED од 6,78 инчи, со резолуција од 1.224 x 2.700 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за 10-битни бои. Има максимална осветленост до 4.000 nits и затемнување PWM од 3.840 Hz за да се намали заморот на очите.
Камерите се: главна 50 MP со оптичка стабилизација и поддршка за 4K видео, плус ултра широка камера од 5 MP. Селфи камерата има 16 MP и снима до 1080p.
Телефонот е прогласен за водоотпорен, иако не е наведен официјален IP рејтинг.
Цените во Кина се:
Модел со 8/256 GB – 2.000 јуани (240 евра)
Модел со 12/256 GB – 2.200 јуани (265 евра)
Модел со 12/512 GB – 2.500 јуани (300 евра)
Honor Power започна со претпродажба на 15 април, додека официјалната продажба во Кина започнува на 18 април.