Компанијата за сајбер безбедност што ја основаа поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и неговите партнери во Израел сега вреди 1,1 милијарда долари.
Стартапот наречен Dream доби уште 100 милиони долари во новата рунда на финансирање, што ја прави компанија „еднорог“, што значи стартапи вреден повеќе од милијарда долари.
Ова е големо достигнување за компанијата, која е основана пред две години и се опишува себеси како „компанија фокусирана на вештачка интелигенција која помага да се заштитат владите и критичната инфраструктура од сајбер напади“.
Компанијата Dream објави дека оваа рунда на финансирање ја водела Bain Capital Ventures, а меѓу инвеститорите се и Group 11, Tru Arrow, Tau Capital и Aleph.
Dream изјави дека од своето основање, генерирала повеќе од 130 милиони долари годишна продажба до 2024 година на владите и националните организации за сајбер безбедност.
Фирмата, која Курц ја основа со Шалев Хулија, поранешен извршен директор на израелската компанија за шпионски софтвер NSO Group, и експертот за сајбер безбедност Гил Долев, има канцеларии во Тел Авив, Виена и Абу Даби.
За потсетување, Курц стана еден од најмладите лидери во светот кога ја презеде функцијата канцелар на Австрија во 2017 година, на само 31 година.
Тој беше соборен од власт во 2021 година, а минатата година судот во Виена го осуди за лажно сведочење, со што му беше изречена условна казна затвор од осум месеци.