Америка подготвува предлог-закон со кој ќе се наметнат строги казни за користење на кинеската вештачка интелигенција DeepSeek.

DeepSeek, кинеската апликација која за кратко време целосно го поремети и разбранува ИТ пазарот, привлече голем број корисници. Причината за ова е леснотијата на користење и брзината. Сепак, голем број корисници се откажаа од овој модел на вештачка интелигенција поради сомнителни резултати и одговори на прашања.

Сето ова доведе до тоа САД полека да почнат да ја забрануваат употребата на DeepSeek. Но, американскиот сенатор Џош Хејли оди чекор понатаму, предлагајќи легислатива што може многу да влијае на употребата на DeepSeek и слични апликации.

Нацрт-законот користи многу правен жаргон, но Бен Брукс, аналитичар за вештачка интелигенција од Харвард, коментира дека тоа е еден од најагресивните предлог закони насочени кон вештачката интелигенција.

Предлог-законот сугерира дека лицето кое „увезува технологија или интелектуална сопственост развиена во Кина“ може да биде казнето со затворска казна до 20 години, како и парична казна до 1 милион долари за поединци или до 100 милиони долари за компании.

Исто така, постои одредба за странски државјани, така што прекршувањето на овој закон може да се третира како сериозно кривично дело според законот за имиграција. Ова значи дека секој што ќе пренесе технологија во Кина може да биде депортиран од САД.

Предлогот за овој закон донесе нови немири, особено кога се гледа целосната слика за DeepSeek и TikTok. Сепак, според сите појави, засега нема индиции дека би можело да се разговара за споменатиот закон.

Односите на САД со Кина продолжуваат да се затегнуваат, а овие две моќни земји речиси секојдневно воведуваат нови мерки и ограничувања за увоз и извоз на технологии од една во друга земја.