Замислете да гледате филм и да се чувствувате како да сте во вистинско кино, да навивате за омилениот тим како да сте на стадион или да се внесете во светот на видеоигрите со речиси вистинско присуство. Со телевизор од 98 инчи (249 см) од Samsung, оваа фантазија станува реалност. Ги доживувате содржините многу поинтензивно, а AI Upscaling и процесорот Neural Quantum ги прилагодуваат видеата од YouTube во 4K или 8K, за беспрекорно визуелно уживање.
Големиот екран ги прави деталите извонредно реалистични и не се работи само за филмови или спорт – гледањето концерт станува како да сте речиси во првиот ред, а секој документарец за природата како да го гледате во друга димензија. Аудио системот го дополнува ова искуство, создавајќи богат звук и вистинско чувство на присутност. Сето тоа го прави големиот екран совршен избор за секој кој бара незаборавно доживување во удобноста на својот дом.
Со совршената комбинација на моќен процесор и иновации, Samsung ви овозможува беспрекорно визуелно и аудио искуство, па секојдневното гледање содржини преминува во првокласна забава во вашиот дом. Ви ги предлагаме следниве модели на телевизори од 98 инчи:
Samsung Neo QLED 4K QN90D – впечатливиот свет на домашното кино
Samsung Neo QLED 4K QN90D е вистинско решение за сите кои сакаат да уживаат во искуство блиско до кино, но во удобноста на својот дом. Неговиот импозантен екран од 98 инчи ги претвора филмските вечери, спортските натпревари и гејминг-сесиите во вистинско визуелно задоволство. Дополнително, интелигентната функција SuperSize Picture Enhancer ги прилагодува параметрите на сликата посебно за големи екрани, нудејќи кристално јасни и живописни сцени.
Quantum Matrix технологијата овозможува ултра прецизна контрола на светлината, што резултира со поизразени контрасти и пореални тонови. За уште поголема длабочина, HDR оптимизацијата и Auto HDR Remastering осигуруваат дека дури и содржините со пониска резолуција се прикажуваат како HDR, со побогати бои и поизразени детали.
Звукот е од иста класа како и сликата. Благодарение на AI обработката и Dolby Atmos технологијата со нагоре насочени звучници, добивате исклучително импресивен surround ефект. Така, секој шум, секоја музичка нота и секој дијалог звучат помоќно и пореално, дополнително зајакнувајќи го чувството на присуство во случувањата на екранот. Со Samsung Neo QLED 4K QN90D, во вашиот дом носите искуство како од кино, сликовито, динамично и богато со детали.
Samsung QLED 4K Q80C – беспрекорно визуелно и аудио искуство во 98 инчи
Моделот QLED 4K Q80C, со дијагонала од импресивни 249 сантиметри (98 инчи) и револуционерна технологија Quantum HDR+ прави сцените да се прикажуваат со извонреден контраст и живописност, создавајќи спектакуларно гледачко искуство. SuperSlim дизајнот комбинира врвна елеганција, модерен минимализам и футуристички стил, правејќи го совршено вклоплив во секој дом, каде забавата ќе биде во центарот на вниманието. Опремен со Neutral Quantum 4K процесор и напредна вештачка интелигенција, телевизорот ги подобрува сликите со понизок квалитет, додека интелигентниот режим за удобност на очите автоматски ги прилагодува поставките за пријатно гледање дури и при подолги часови пред екранот. Quantum Dot технологијата овозможува репродукција на милијарда нијанси на автентични бои, сертифицирани од PANTONE, кои создаваат неверојатно живописен и реалистичен приказ. Звукот, пак, нуди тродимензионална прецизност и длабочина, додека ехнологијата OTS Lite обезбедува виртуелен звук што ги следи случувањата на екранот, нудејќи извонредно аудио искуство.
Samsung Crystal UHD DU9000 – епско гледачко доживување
Maестралниот Samsung Crystal UHD DU9000 со екран од 98 инчи и интелигентната функција Supersize Picture Enhancer овозможува обработка на сликите во реално време, за да доживеете исклучителна живост и длабочина на секој кадар. Технологијата Crystal UHD креира исклучително реалистични бои и детали, носејќи ве директно во акцијата. Благодарение на кристалниот процесор 4K, сите содржини добиваат врвна 4K резолуција, со моќно скалирање што ги истакнува и најсуптилните елементи во сцената. Ненадминливиот приказ на екранот ќе ве плени благодарение на технологиите PurColor која репродуцира широка палета на живи бои за да добиете природен, но истовремено и впечатлив приказ, како и Contrast Enhancer која динамично го регулира контрастот, додавајќи поголема длабочина и автентичност на боите.
Искуството станува уште позавидливо со аудиосценската интелигенција, која автоматски се прилагодува на содржината што ја гледате. Така, звукот ја доловува секоја емоција, секој чекор и секоја експлозија, прилагодувајќи го аудиото кон содржината за автентично уживање.
Без разлика дали сте страстен филмски фанатик, љубител на спорт со висока динамика или хардкор гејмер, Samsung Crystal UHD DU9000 е дизајниран да ги исполни вашите највисоки очекувања за квалитетно гледање.