Доколку веќе не го сториле тоа, корисниците треба да ги активираат клучните безбедносни карактеристики што е можно поскоро за да ја зголемат безбедноста на нивната сметка на Gmail.

Google упати сериозно предупредување до корисниците на услугата за е-пошта Gmail, која се проценува дека има 1,8 милијарди корисници ширум светот.

Google ги повика сите корисници, без разлика дали користат Gmail за приватна или деловна кореспонденција или за пристап до други услуги, да ги активираат безбедносните функции за да ги заштитат своите сметки од сè потешка закана – фишинг.

Да ве потсетиме дека фишингот е вид на сајбер измама во која измамниците испраќаат лажни електронски пораки, претставувајќи се како некој друг (банка, социјална мрежа итн.) и бараат од корисниците брз одговор за потврда на информации или идентитет, се со цел кражба на истите податоци или добивање пристапи до финансиски и други кориснички податоци.

Доколку веќе не го сториле тоа, корисниците треба да ги активираат клучните безбедносни карактеристики што е можно поскоро за да ја зголемат безбедноста на нивната сметка и да обезбедат помош од Google во случај нешто да се случи со нивната сметка во иднина (тие бидат хакирани, изгубени пристап итн.)

2FA
Двофакторна автентикација или 2FA претставува дополнителен слој на заштита, бидејќи бара од корисниците самостојно да го потврдат својот идентитет. Тоа значи дека откако корисниците ќе ја внесат лозинката за пристап до нивната сметка, ќе треба да го потврдат својот идентитет или со внесување на дополнителен код што ќе го добијат на својот мобилен телефон или код од апликација за автентикација. На тој начин, дури и ако некој се обиде да пристапи до вашата сметка без овластување, дополнителната потврда ќе го спречи.

Безбедносна проверка
Google им нуди на сите свои корисници опција за проверка на безбедноста која ги проверува поставките на сметката и бара потенцијални пропусти. Едноставно најавете се на вашата сметка, извршете ја безбедносната проверка во поставките и следете ги упатствата на екранот. Google на крајот ќе предупреди за какви било потенцијални проблеми и ќе го советува корисникот како да ги реши.

Предупредувања за сомнителни активности
Корисниците треба да активираат предупредувања за сомнителни активности на нивните сметки. На овој начин, Google ќе го предупреди корисникот ако некој се обиде да се најави на неговата сметка на Google или Gmail од нов уред (различен од оној од кој претходно се најавил) или од непозната локација (на пример, од Пакистан или Нигерија).

Пристап од трета страна
Додека сурфаат на Интернет, на корисниците често им се нуди опција да се логираат на страница или услуга користејќи ја нивната сметка на Google. Поради едноставноста на апликацијата, корисниците често ја користат. Но, за своја безбедност, одвреме-навреме треба да прегледуваат кој има пристап до нивната сметка и да ги избришат оние кои повеќе не треба да го имаат.

Заштита од фишинг
Gmail има бројни безбедносни карактеристики вградени во него. Некои од нив автоматски се активираат од Google, додека други треба да се активираат. Заштитата од фишинг е нешто што Gmail автоматски го активира и кога пораката е сомнителна, таа конкретно ќе го означи и предупреди корисникот. Затоа, потребно е да се внимава на ваквите предупредувања и да се реагира навремено.

Дури и ако мислите дека ги имате вклучено сите безбедносни поставки, добро е да ги проверувате од време на време. Имено, Google постојано воведува нови опции и функции, а тие може да влијаат на вашите постоечки поставки.

Затоа, одвојте малку време и проверете дали вашата сметка на Google и Gmail е безбедна.