Експертите веќе денес предупредупуваат дека со развојот на квантните компјутери, енкрипцијата каква што ја познаваме ќе замине во историјата.
Енкрипцијата, односно шифрирањето на податоците им овозможи на луѓето ширум светот без стравување преку дигитален пат да меѓусебно да разменуваат доверливи информации.
Сепак, експертите предупредуваат дека со развојот на квантните компјутери енкрипцијата каква што ја познаваме денес ќе замине во историјата. Поради тоа, тие веќе работат на нов начин на енкрипција на податоците која што доверливите информации ќе ги сочува и од квантните компјутери.
Европската вселенска агенција потпиша договор со компанијата QUARTZ која што работи на програма за развивање на квантен клуч, односно развој на една нова генерација на енкрипција.
ESA и QUARTZ заедно ќе развиваат QKD, односно дистрибуција на квантен клуч и тоа од вселената. Имено, QKD се темели на испраќање на различни броеви (кои го сочинуваат клучот) преку фотони (елементарни честички) кои потоа се користат за создавање на клучот. Било какво прислушкување со кое што би се обидел некој да дојде до тој број ќе ги промени квантните својства на фотонот и така ќе испрати предупредување до корисникот дека некој се обидува да го прислушкува.
Користењето на фотоните за испраќање QKD моментално е возможно само на кратко растојание преку оптички кабли поради слабеењето на сигналот.
Но, истражувањата кои што ги спровеле експертите на ESA покажале дека фотоните е можно да се собираат и дистрибуираат во вселената, меѓу сателитите и приемниците на Земјата. Сето тоа значително би ја олеснило комерцијалната употреба на QKD.
Тоа значи дека не би требало да сме изненадени, доколку за неколку години, наместо преку интернет, енкрипциските клучеви ги примаме преку фотоните кои што ќе ги пренесуваат сателитите од вселената.
Извор: Zimo.hr