Ени Алтман, сестрата на основачот и извршен директор на OpenAI, Сем Алтман, го тужеше својот брат, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал кога таа била малолетна.
Во тужбата поднесена минатата недела до федералниот суд во Мисури, Ени Алтман тврди дека нејзиниот постар брат извршил „многубројни акти на силување, сексуален напад, сексуална злоупотреба, малтретирање и содомија“ од 1997 до 2006 година, а злоупотребата започнала кога имала само три години.
Во заедничката изјава издадена со неговата мајка и двајцата помали браќа, Сем Алтман рече дека „сите тврдења на Ана се целосно лажни“. Семејството Алтман вели дека со години се обидувале да ја „поддржат Ени на многу начини, вклучително и директна финансиска помош“.
My sister has filed a lawsuit against me. Here is a statement from my mom, brothers, and me: pic.twitter.com/Nve0yokTSX
— Sam Altman (@sama) January 7, 2025
„Ени изнесе длабоко навредливи и целосно невистинити тврдења за нашето семејство, особено за Сем. Избравме да не одговориме јавно, поради почит кон неа и нашата приватност. Сепак, таа сега презеде правна постапка против Сем и сметаме дека немаме друг избор освен „да се справиме со ова“, се вели во соопштението.
„Оваа ситуација предизвикува огромна болка на целото наше семејство“, се додава.
Во текот на изминатите неколку години, Ени Алтман го спомна ова неколку пати на социјалните мрежи, а како дел од нејзината тужба, таа побара отштета поголема од 75.000 долари, минимум потребен за федерална тужба од овој тип.
Поврзани артикли