Следниот глушец на Apple би можел да има преместена порта за полнење, која ќе се наоѓа на дното на уредот.
Apple работи на редизајниран наследник на Magic Mouse, според аналитичарот Марк Гурман, по 15 години.
Глувчето треба да коригира некои проблеми за кои се жалеле корисниците, вклучително и досадната порта за полнење.
15 years after launching the Magic Mouse, Apple is working on a new mouse for the modern era. And, yes, moving the charging port is on its list. https://t.co/FtUcR2Yqdj
— Mark Gurman (@markgurman) December 15, 2024
Гурман тврди дека дизајнерскиот тим на Apple изминатите месеци правел прототип на глувчето, а фокусот е на нешто што повеќе одговара на модерната ера.
Не се објавени детали бидејќи тимот се уште не одлучил за конечниот дизајн. Се споменува само дека Apple ќе го реши проблемот со позицијата на портата за полнење.
Според Гурман, ни делат најмалку 12 до 18 месеци од најавата за нов уред Magic Mouse.