Motorola Razr 50D е достапен во Јапонија од 19 декември, а како што најави јапонскиот мобилен оператор NTT DOCOMO, е сличен на моделот Motorola Razr 50.
Овој телефон доаѓа со 6,9-инчен FHD+ POLED внатрешен дисплеј кој е опремен со Corning Gorilla Glass Victus. Надворешниот екран е со дијагонала од 3,6 инчи, а има и батерија од 4.000 mAh, што е за нијанса помала од онаа во Razr 50 (4.200 mAh).
Главната камера од 50 MP ќе ги воодушеви љубителите на фотографијата, додека секундарната е со резолуција од 13 MP. Предната камера има 32 MP.
Телефонот доаѓа со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, со поддршка за безжично полнење, отпорност на IPX8, звук со Hi-Res, стерео звучници и Dolby Atmos за мултимедија.
Што се однесува до дизајнот, Motorola Razr 50D има димензии 171 mm x 74 mm x 7,3 mm и тежи само 187 грама, што е доста практично за телефон што се витка. Неговата цена ќе биде околу 750 евра.
Поврзани артикли