IO Interactive брзо најде замена за Конор Мек Грегор. Познатиот актер Жан-Клод ван Дам доаѓа во Hitman како Elusive Target.

Агентот 47 полека се претвора во гејмерски лик кој се пресмета со убедливо најголем број познати личности од реалниот свет. По Шон Бин, Димитри Вегас и Конор Мек Грегор, Хитмен својот нишан ќе го стави на легендарниот борец Жан-Клод Ван Дам.

Во Хитмен, Ван Дам ќе го игра Макс Валијант, поранешен оперативец на ИЦА за кој се веруваше дека е убиен во акција. Меѓутоа, години подоцна тој се враќа и сака да и се одмазди на матичната организација. Агентот 47 ќе мора да отпатува во Чонгкинг и да ја елиминира заканата.

Мисијата Elusive Target наречена The Splitter ќе биде достапна и бесплатна за сите играчи на Hitman (3) помеѓу 12 декември 2024 година и 12 јануари 2025 година.