OpenAI го објави лансирањето на ChatGPT Pro, услуга за претплата од 200 долари/месечно. Ова дава неограничен пристап до OpenAI o1, најновиот и најнапредниот модел на компанијата.
Претплатата Pro значи дека корисникот може да пристапи до услугите OpenAI o1, o1-mini, GPT-4o и Advanced Voice, како и режимот o1 Pro – верзија која „работи уште помоќно за да даде одговори на најтешките проблеми“.
Во иднина, ChatGPT Pro ќе добие „помоќни карактеристики за продуктивност со интензивна пресметка“, велат од компанијата.
Режимот OpenAI o1 Pro бара значително поголема компјутерска моќ за решавање на сложени проблеми, поради што OpenAI наплатува толку висока такса, соопшти компанијата за развој на вештачка интелигенција.
OpenAI вели дека o1 „размислува подолго за да ви го даде најсигурниот одговор“. Додале и дека има многу подобри резултати на претходните тестови кога се во прашање математика, физика или кодирање.
Компанијата OpenAI објави дека ChatGPT Pro е првенствено наменет за истражувачи, инженери и други поединци кои имаат потреба од секојдневна употреба на вештачка интелигенција на ниво на некои истражувања.