Instagram на помал број корисници им овозможи тестирање на новата опција за плаќање на одредени услуги, како што е резервацијата на места во ресторан во рамки на самата апликација.
Instagram претстави (засега за само помал дел од корисниците) нова опција која овозможува купување во рамките на самата апликација.
Корисникот е во можност да ја регистрира својата дебитна или кредитна картичка, да постави сигурносна лозинка и да почне купување без напуштање на Instagram апликацијата. Според самиот Instagram, оваа опција ќе овозможува плаќање на резервации што се однесува до салоните и рестораните кои учествуваат во партнерската програма на Instagram.
Новата опција може да се доведе во директна врска со ланската најава за можноста за резервација на одредени услуги во рамки на Instagram, иако тогаш не стана збор за можноста за плаќање на услуги. Новата можност е дел од постоечките правила на Facebook за плаќањата.