Некои корисници на Apple пријавија проблеми со нивните уреди откако се обидоа да го инсталираат новиот оперативен систем iOS 18.
Корисниците кои имаат iPad Pro со Apple M4 чип велат дека нивните уреди се исклучуваат сами и нема да се рестартираат откако ќе започнат со инсталацијата на оперативниот систем iPadOS 18 – всушност, нивните уреди се „мртви“.
За жал, за сите кои се соочуваат со овој проблем, во моментов не постои друг начин да го решите освен да го однесете уредот во овластена продавница и таму да го замените.
Apple објави дека ажурирањето е повлечено за сите iPad Pro со чипот M4 додека се обидува да открие што всушност е грешката.
„Во продавницата на Apple ми кажаа дека матичната плоча е „испржена“. Ажурирањето не е добро тестирано“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Редит под објава во која се дискутира за овој феномен.
Затоа, корисниците со овие уреди ќе треба да почекаат уште малку за да можат да ги искористат сите поволности што ги носи новиот оперативен систем. Некои од оние чиј уред се расипал рекле дека прво инсталирале iOS 17.7 наместо директно на iOS 18, но не е познато дали таа практика го предизвикува проблемот.