Google применува строги правила кога станува збор за прегледување на апликации кои завршуваат на Pay store, а наскоро тоа ќе биде уште построго.
И покрај строгите правила, некои апликации успеваат да се „провлечат“ и да го најдат патот до корисниците иако тоа не би требало да се случи, па затоа Google повремено иницира акција против ризични и неквалитетни програми.
На повидок е уште една рунда на „бркање“ апликации пронајдени во Play Store кои имаат „ограничена функционалност“.
Најновото ажурирање на политиката за спам и минимална функционалност на Google покажува како компанијата се подготвува да ги отстрани „ограничените“ и „скршените“ апликации од Play Store.
Тие објаснуваат дека апликациите ќе се отстранат врз основа на три критериуми: статични (без карактеристики специфични за апликацијата, како оние што служат само текст или PDF), мала содржина (на пр. само со една позадина или една функција), како и скршени апликации ( постојано се затвораат, не се вчитуваат или не реагираат).
Новата политика на компанијата ќе стапи на сила на 31 август оваа година и може да влијае на многу апликации на Play Store, вклучително и некои кои се легитимни, но спаѓаат во една од овие категории.