Нетфликс повторно прави потези кои на некои корисници нема да им се допаднат.

Во последните неколку месеци, Нетфликс во САД, но и во Европа, ги исфрла претплатниците од Основниот план (Basic), кој официјално беше прекинат на почетокот на оваа година.

Основниот план беше најевтиниот начин за гледање без реклами, но во обид да привлече повеќе корисници во својот план поддржан од реклами, Нетфликс ја отстрани опцијата корисниците да се претплатат на него во јануари.

Во претходниот период, оние кои имаат Basic план во одредени региони, почнаа да добиваат пораки од платформата за стриминг, во кои им било соопштено дека треба да изберат нова претплата.

По објавувањето на заработката во вториот квартал од оваа година, Нетфликс испрати писмо до акционерите, каде што вели дека оние корисници кои платиле за основниот план во САД и Франција ќе бидат „исфрлени“.

„Нешто повеќе од 18 месеци од лансирањето, продолжуваме да го зајакнуваме нашиот план поддржан од реклами, кој сега го користат повеќе од 45% од претплатниците“, рекоа директорите на Нетфликс.

„Атрактивноста на оваа претплата (6,99 долари месечно во САД), заедно со постепеното укинувањето на Basic план во ОК и Канада, а сега и во САД и Франција, го зголеми бројот на претплатници за 34% во Q2“, се додава писмото до акционерите.

Ако сте во овие земји и сè уште имате Basic план, можеби ќе сакате да размислите што да правите.

На пример, Нетфликс ќе побара од оние со Basic план во САД или да изберат нов или да ја откажат претплатата – тоа се единствените опции.