Доаѓаат нови функции на YouTube Music и во голема мера го олеснуваат корисничкото искуство.
Услугата YouTube Music доби некои нови функции, вклучително и алатката „hum to search“ која претходно беше во бета верзија за корисниците на Android.
Споменатата алатка им овозможува на корисниците да пребаруваат во каталогот на YouTube Music со преку 100 милиони официјални песни, користејќи природни звуци.
Сè што треба да направите е да притиснете „search“ и да ја побарате иконата во облик на бранови. Алатката ви овозможува да потпевнувате песна или да ја пуштите на друг инструмент.
Функцијата „hum to search“ доаѓа до претплатниците на YouTube Music на платформите iOS и Android.
YouTube исто така работи на функција наречена AI-генерирано конверзациско радио. Алатката им овозможува на луѓето да користат природен разговор за да ја опишат радио станицата што сакаат да ја слушаат. Алгоритмот потоа ќе ги користи тие информации и ќе создаде приспособено радио.
Споменатата функција моментално е достапна само за одредена група корисници и е во фаза на тестирање.