Тешко им е на истражителите на Европол да пристапат до податоците кога ќе се најде мобилен телефон во роаминг.
Европол, односно Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот, објави документ во кој го презентира својот став за практиката „Home Routing“ во телекомуникациите.
Споменатата практика им овозможува на телеком провајдерите да ги обезбедуваат своите услуги на корисниците на териториите на матичната земја. Тоа значи дека кога корисникот на телефонот оди во странство за да се поврзе на нова роаминг мрежа, сите повици, пораки и податоци продолжуваат да се обработуваат од избраниот оператор на телекомуникациски услуги од неговата земја.
⚠️ Home Routing is limiting law enforcement evidence gathering, warns Europol.
Read our latest position paper on Privacy Enhancing Technologies (PET) used in Home Routing, and how this is helping criminals act with impunity ⤵️https://t.co/xKPgtwupmG #DigitalChallenges
— Europol (@Europol) July 4, 2024
Европол тврди дека како последица на ова, телекомуникациска компанија во друга земја не може да им обезбеди на истражителите податоци за корисниците доколку тоа го бара истрагата.
Кога осомничениот користи SIM-картичка во странство, локалната полиција не може да пресретнува податоци од неа. Криминалците, тврдат од Европол, знаат за овој пропуст во технологијата и активно го користат за да избегнат надзор на нивните комуникации. Ова ги става истражителите во нерамноправна положба и им ја отежнува работата. Доколку сакаат да пресретнат нечија комуникација, а тоа лице е во роаминг, треба да испратат меѓународно барање за истрага, чие одобрување може да трае и до 120 дена.
Европол со својот нов извештај се обидува да отвори дебата за споменатата практика во телекомуникациите, а нивниот предлог е да се укине PET технологијата, односно да се овозможи полесно следење на комуникациите на осомничените лица додека се на територија на друга земја-членка на ЕУ.
PET или Privacy Enhancing Technologies, е технологија која служи за заштита на приватноста, а може да се вклучи во роаминг.