Јапонскиот Институт за информатичка и комуникациска технологија успеа да постигне нов рекорд во брзината на пренос на податоци преку Интернет.
402 терабити во секунда е нов светски рекорд во брзината на пренос на податоци преку Интернет.
Тоа беше постигнато преку експеримент во Јапонија, каде Националниот институт за информатичка и комуникациска технологија таму успеа да го пренесе сигналот преку 50 километри оптички кабел и шест специјални сигнални засилувачи.
Сето ова беше постигнато на постоечка технологија што веќе ја користат интернет провајдерите, но придобивката од овој рекорд е само теоретска. Во моментов можеме само да сонуваме дека со тие 402 Tbit/s би можеле да ги преземеме најтешките игри (100+ GB) за помалку од една секунда. Едноставно кажано, комерцијално достапниот хардвер во моментов не може ниту да се приближи до тие брзини и би биле ограничени од мрежниот адаптер на матичната плоча, брзината на RAM-от и на крајот брзината на запишување податоци на дискот.
Во превод, брзината со која би можеле да ги преземеме Baldur’s Gate 3 или Red Dead Redemption 2 за помалку од секунда е постигната, но моментално не постои диск што може да прими толку голема количина на податоци за толку краток временски период. Можеби во иднина…