Football Manager е веројатно најпопуларната симулација од овој тип во светот – и сега добива промени кои нема да им се допаднат на сите.
Како што рекоа од компанијата Sport Interactive, Inbox нема да биде дел од играта од оваа есен, туку во Football Manager 25 ќе пристигне нешто наречено Portal.
First #FM25 Screenshots have just been revealed! pic.twitter.com/nnqFsEuWbq
— FM Scout (@fmscout) June 27, 2024
Овој Portal ќе биде место каде што ќе се собираат календарот, вестите, распоредот на натпревари, пораките и слично, а како што беше речено „концептот Inbox е стар затоа што во денешно време менаџерите поминуваат повеќе време на телефон, наместо на лаптоп како порано“.
Некои од другите измени се укинувањето на специјалниот дел за социјалните мрежи, а ќе исчезнат и Touchline Shouts, барем привремено додека не се подобри.
Опцијата „Create a Club“ засега нема, но може да се врати во FM26 или некој подоцнежен дел од серијата.