Еден фудбалер од Албанија на натпреварот против Хрватска носеше копачки со интересен дизајн.
Напаѓачот на Албанија, Јасир Асани имаше интересен детал за опремата на натпреварот на неговата репрезентација против Хрватска на Европското првенство.
Фудбалските копачки на Асани, имено, се дизајнирани да го прикажуваат најпознатиот водоводџија од видео игрите – Супер Марио.
Не е сосема јасно дали зад ова се крие маркетиншка причина или Јасани едноставно е само голем љубител на познатата титула на Нинтендо, но на својот Инстаграм се пофали и со тиркизните копачки.
Инаку, натпреварот заврши 2:2, а Асани запиша и асистенција.
Ова беше негов 15-ти натпревар во репрезентативниот дрес, а што се однесува до клупската кариера настапува за Квангжу од Јужна Кореја, а претходно настапуваше за клубови од Албанија, Македонија, Шведска и Унгарија.