Qualcomm објави тизер со нови моќни чипови.
Компанијата Qualcomm објави тизер слика на која се прикажани повеќе уреди, со чип наречен Snapdragon X Elite кој стои на држач во средината.
Како што е најавено, овие чипови ќе бидат достапни за Windows 11 „Copilot+ PC“ лаптопите, но повеќе детали од тоа нема.
Шефот на Qualcomm, Кристијано Амон, рече дека овие лаптопи ќе бидат само првиот бран на компјутери со Windows што ќе имаат чипови Snapdragon X Elite.
На сликата која беше објавена има различни уреди – меѓу другото таблет, мини-компјутер, како и all-in-one PC.
Да потсетиме, кон крајот на мај, компанијата го претстави Snapdragon Dev Kit за Windows, за програмерите да можат да креираат нови Windows 11 апликации за да можат да работат на новиот Snapdragon X Elite чип.