Интел се подготвува да го претстави Thunderbolt Share – нова технологија за споделување податоци.
Новата технологија ќе им овозможи на корисниците лесно да споделуваат дисплеи, тастатури, глувци и податоци помеѓу компјутерите, сето тоа со помош на технологијата Thunderbolt.
Гореспоменатата технологија дава приоритет на брзината, безбедноста пред едноставноста, а намерата на Intel е да постави нов стандард за поврзување помеѓу уредите.
Ова решение користи брзи и ефикасни врски „PC-to-PC“, овозможувајќи им на корисниците лесно да споделуваат податоци и уреди. Исто така, Thunderbolt Share им овозможува на уредите компатибилни со Thunderbolt полесно да комуницираат со повеќе компјутери.
Не е познато дали Thunderbolt Share ќе поддржува пренос на податоци од надворешни графички процесори на секундарни компјутерски уреди, со што би се проширила употребата на технологијата.
Intel потврди дека производителите, вклучувајќи ги MSI, Lenovo, Acer, Razer, Kensington, Belkin, Promise Technology и Plugable, добиле лиценци за имплементација на оваа технологија.
Thunderbolt Share е дизајниран да ги поддржува технологиите Thunderbolt 4 и 5 и е компатибилен со оперативниот систем Windows.