И покрај предвидувањата, iPhone X е продаден во 16 милиони примероци што го прави најрподаван паметен телефон во првиот квартал на 2018. година.
Во првите три месеци на годината, Apple успеа да продаде дури 16 милиони парчиња iPhone X, објави агенцијата за истражување на пазарот, Strategy Analytics.
iPhone 8 и iPhone 8 Plus го заземаа второто место, а продадени се во 12,5 милиони, односно 8,3 милиони примероци.
“Втор квартал едноподруго, iPhone X останува најпродаван смартфон на светот првенствено поради совршениот дизајн, софистицираната камера, прилагодените апликации”, вели Џуха Винтер, сениор аналитичар во споменатата агенција – Apple досега продаде речиси 50 милиони iPhone X уреди откако беше пуштен во продажба во ноември 2017. година.
Xiaomi Redmi 5A и Samsung Galaxy S9 Plus се најдоа на листата на најпродавани Android уреди, со 5,4 милиони, односно 5.3 милиони продадени уреди ширум светот.