Култниот хит Prison Architect наскоро добива продолжение, за компјутер, Xbox X/S и PlayStation 5.
Prison Architect 2 излегува на 26 март, а со него видео играта ќе го добие своето 3D издание.
Како што сугерира името, ова е интересен симулатор за градење затвор, а крајната цел е да го продадете вашиот затвор за голема сума пари.
Prison Architect 2 носи тони нови функции. Покрај 3D визуелниот идентитет, програмерите велат дека затворениците сега се „попаметни“, и дека ќе „развијат меѓусебни односи засновани на желби и потреби“.
Вашиот дизајн ќе влијае на секој аспект од нивниот живот, па затоа треба да постапите соодветно.
Има и подобрен Career Mode, каде што можете да изградите повеќе затвори во ист град и повеќе контролни опции за креирање политика за установи.
Prison Architect 2 ќе чини 40 долари.