Larian официјално објави големо ажурирање Patch 5 за Baldur’s Gate 3.
Стандардите беа поставени високи со оглед на успехот на претходните ажурирања, а како што е соопштено од IGN, Larian Studios изгледа не ги изневеруваше очекувањата на играчите.
Patch 5 носи нов епилог кој се опишува како „конечно збогум“, а од студиото велат дека е „една од најкомплицираните работи за пишување“ во целата игра.
Покрај епилогот, додадени се и два нови начини на игра – има Honor Mode, како и Custom Mode, кој им овозможува на играчите да направат голем број промени.
Големината на ова ажурирање не е занемарлива, зафаќа околу 30 GB по инсталацијата, додека процесот на инсталација бара неверојатни 130 GB.