Најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Дубаи, во наредните два месеца ќе биде подготвен да ги претстави првите вили кои ќе бидат отпечатени сo 3D печатач. Целокупната неопходна опрема и алат, веќе се наоѓаат во Дубаи. Една од поновите компании во Дубаи, уште во февруари минатата година најави дека ќе го изгради првиот облакодер на светот кој ќе биде направен со помош на 3D печатач. Дубаи е град на иднината. До 2030 година, 25 % од новите згради ќе бидат „отпечатени“ со користење на модерните технологии, во обид да се намалат трошоците и времето за изградба.

Изградбата на вилите е всушност само еден сегмент од „Стратегијата за 3D печатење на Дубаи“ која е усвоена од страна на властите на ОАЕ и Дубаи, и претставува единствена иницијатива во светски рамки која има за цел користење на оваа технологија во служба на потребите на човештвото, но и промовирање на ОАЕ и Дубаи како водечки центар на 3D печатењето до 2030 година.

b955ef84-853a-472c-ab38-3f9edda9230a.HR_
Стратегијата планира усвојување и имплементирање на оваа технологија не само во градежништвото, туку и во медицината. Технологијата ќе овозможи реструктуирање на економијата и пазарот на трудот, особено во градежниот сектор и ќе ја редефинира продуктивноста. Врз основа на градските прописи на Дубаи, во 2025 година, секоја нова зграда во Дубаи треба да биде изведена во најмалку една четвртина со новата 3D технологија, а овие активности е планирано да започнат од 2019 година, со скромни 2 % и со постепено приближување кон зацртаната цел. Од друга страна пак, здравствените власти на Дубаи се посветени на креирање на регулативата и стандардите за користење на технологијата во овој сектор, преку изработка и користење на 3D печатени протези за ектремитети, 3D печатени заби и други медицински помагала. Според тоа, постојат три клучни сектори и пет столбови по однос на оваа Стратегија.

3DPrinting-Credit-winsungouvernment-Dubai-profil

Клучните сектори се:
• градежништво
• медицински производи
• добра за широка потрошувачка

Untitled-design-1
Петте главни столбови на Стратегијата се:
• инфраструктура
• легислатива
• финансирање
• талент и иновативност
• барањата на пазарот

jpeg

skull-modell-polyjet