Иако во претходните денови се појавуваа информации за новиот телефон од кинеската компанија Xiaomi, вчера моделот Mi 6X беше претставен на јавноста. Телефонот ќе користи процесорот од пониска класа, т.е. Snapdragon 660 (наместо посилната класа 835 или 845), батеријата ќе има капацитет од скромни 3010mAh со Quick Charge 3.0.
На задната страна има две камери, едната со сензор од 20 мегапиксели, а другата од 12 мегапиксели. Од Xiaomi објавија дека телефонот има можност за распознавање на сцени за фотографирање, односно може да идентификува десетици сцени, објекти или субјекти. На предната страна ќе иам сензор од 20 мегапиксели за вашите селфи потреби.
Телефонот ќе има голем дисплеј со дијагонала од 6 инчи и резолуција од 2160 на 1080 пиксели во LCD технологија, како и отчитувач на отпечатоци кој е поставен на задната страна, инфра-црвено светло, USB Type C конектор. Телефонот нема да има приклучок за слушалки, па за вашите музички потреби ќе треба да користите адаптер или слушалки со Bluetooth технологија.
Xiaomi Mi 6X ќе започне да се продава во Кина на 27-ми април за околу 253 долари за варијантата со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија, околу 285 долари за варијантата со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија или околу 316 долари за најскапата варијанта, онаа со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Можно е моделот да се појави и надвор од Кина под името Android One Mi A2, но засега нема официјални информации за ваквата достапност.
Поврзани артикли