Пред неколку месеци YouTube ја зголеми цената на претплатата на Premium, а сега ова зголемување продолжува во повеќе земји.
Се зголемува цената во Аргентина, Австралија, Австрија, Чиле, Германија, Полска и Турција. Во Австралија, претплатата на YouTube Premium сега чини 16,99 австралиски долари (околу 10 евра) и важи за индивидуални, семејни и студентски планови.
Оние кои плаќаат пониски цени можат да продолжат со нив три месеци, по што ќе се применува поскапувањето.
Беше наведено дека зголемувањето на цената ќе се применува од следниот период на наплата, а од компанијата велат дека тоа „ќе им помогне на креаторите да заработат повеќе, а со тоа и да донесат повеќе содржини што луѓето сакаат да ги гледаат“, пренесува Sam Mobile.
YouTube Premium им носи повеќе функции на претплатниците, вклучително и отстранување на реклами, стриминг 1080p, аудио во заднина и преземања видеа офлајн.
YouTube веќе им објави војна на блокаторите на реклами и активно ги спречува луѓето да гледаат содржина кога имаат такви програми инсталирани на нивните веб-прелистувачи или телефони.