И тоа се случи – се појави првиот дрон во светот кој лансираше торпедо.
Станува збор за BAE Systems/Malloy Aeronautics T-600 heavy lift Uncrewed Air System (UAS), а овој историски момент се случи за време на вежбата на НАТО во водите кај Португалија. На настанот присуствуваа многу припадници на светските армии, а Т-600 лансираше инертно торпедо Sting Ray за обука.
You’ve seen drones before, but not like this.
In partnership with Malloy Aeronautics, we recently demonstrated the T-600 heavy lift, all-electric vertical take-off and landing (eVTOL) demonstrator aircraft, at a recent NATO event in Portugal. 👇https://t.co/f1gCRbbKwc pic.twitter.com/nXe6rwhkoa
— BAE Systems Air (@BAESystemsAir) September 27, 2023
И покрај тврдењата на производителот, во минатото имало и дронови со торпеда, а најзабележителен пример е Gyrodyne DSN-3 „Drone Anti-Submarine Helicopter“ (DASH). Развиен е кон крајот на педесеттите години на минатиот век и стапил во употреба во 1962 година, но осум години подоцна бил повлечен, а не се знае дека некогаш бил користен.
Тестирањето на дронот Т-600 беше дел од вежбата на НАТО наречена Robotic Experimentation and Prototyping with Maritime Uncrewed Systems (REPMUS) 2023, во која беа вклучени 15 партнери и претставници на НАТО од Ирска и Шведска, пренесува веб-страницата Interesting Engineering.
На прв поглед дронот изгледа како квадкоптер кој се користи за снимање, но неговата големина одговара на компактен автомобил. Има електричен погон и е дизајниран за демонстрации, па може лесно и брзо да се расклопува за транспортни цели. Носивоста е 200 килограми, максималната брзина е 140 km/h, додека досегот е до 80 километри.
За време на демонстрациите беше лансирано противподморничкото торпедо Sting Ray, кое се користи за обука, што воедно беше и првпат дрон да употреби вакво оружје како дел од поморска мисија. BAE Systems планира да го користи Т-600 како носач за Т-650, целосно електричен дрон што може брзо да се реконфигурира за воени, комерцијални и хуманитарни клиенти.