Новата функција би можела да биде претставена наскоро, но многумина се сомневаат во ефикасноста на овој систем.
Платформата Х, порано позната како Twitter, размислува да воведе верификација на лична карта за да се бори против лажните сметки.
Овој потег беше предмет на бројни гласини откако Илон Маск ја купи платформата.
#X keeps working on the ID verification. You should upload a photo of your ID and take a live selfie. https://t.co/3bdGgzlnZh pic.twitter.com/F4ssglakHR
— Nima Owji (@nima_owji) August 16, 2023
Информациите дојдоа од независниот истражувач Нима Овиеџи, кој сподели скриншот на кој се прикажани материјалите што корисниците на Premium ќе треба да ги користат за да го потврдат својот идентитет, пренесува Telegraf.rs.
Меѓу нив има лична карта и уред со камера – веројатно паметен телефон. Потврдата ќе потрае околу пет минути. Во пораката се наведува и дека корисниците треба да бидат подготвени да фотографираат и да испраќаат фотографии од нивните лични карти.
Ако ги прочитате ситните букви, пишува дека X ќе складира слики од вашите документи и биометриски податоци на своите сервери до 30 дена. Во овој период, платформата ќе ги споделува вашите податоци со компанијата за проверка на идентитетот.
Датумот на лансирање на оваа функција е непознат, но важно е да се напомене дека, очигледно, таа ќе биде опционална за корисниците на Premium. Сомнително е дека ова навистина ќе ги спречи лажните сметки на платформата X.