Популарната платформа за стриминг музика Spotify одлучи да ги зголеми цените на претплатите во својата Premium категорија за прв пат по 10 години, на глобално ниво.
На веб-страницата на компанијата веќе се достапни нови цени за Premium пакетите.
Така, пакетот Premium Individual сега чини 5,49 евра, Premium Duo има цена од 7,49 евра, додека Premium Family чини 8,99 евра месечно. Целосниот ценовник и што нуди секој пакет можете да го видите овде.
Од Spotify истакнаа дека корисниците ќе добијат грејс период од еден месец пред да стапат на сила новите цени и ќе имаат можност да ја откажат претплатата.
За оние кои не сакаат да платат претплата, сè уште ќе бидат достапни бесплатни содржини, но ќе мора да гледаат реклами и огласи. Корисниците на премиум пакети можат да уживаат во стриминг музика и друга содржина без комерцијална содржина.
Spotify моментално има околу 515 милиони месечни активни корисници, како и над 210 милиони претплатници, а на годишно ниво бележи раст од 15 проценти на бројот на корисници кои плаќаат претплата.