Новото генеративно искуство за пребарување (Search Generative Experience) ќе го промени начинот на прикажување на резултатите од пребарувањето.
Некои корисници на Google ќе почнат да гледаат многу поинаков приказ на резултатите од пребарувањето.
Today we’re starting to open up access to Search Labs, where you can try early generative AI experiments from Google. Opt in by tapping the Labs icon on the latest versions of your Google app or desktop Chrome, or join the waitlist at https://t.co/zD6OCpRPH8. pic.twitter.com/NERBdmNPTW
— Google (@Google) May 25, 2023
Компанијата објави дека отвора пристап до Search Labs за корисниците, а тоа е ново место за тестирање на функциите за пребарување.
Корисниците кои сакаат да учествуваат во проектот моментално се на листа на чекање, а кога ќе започне во живо ќе можат да ја користат новата функција – Search Generative Experience.
Search Generative Experience овозможува пребарувањето, генерирано од вештачка интелигенција, да биде наведено на врвот на „search“ листата на сите услуги на Google.
Така, наместо да се насочува кон сините линкови на Google или Википедија, вештачката интелигенција ќе понуди неколку параграфи со информации и соодветни врски во пребарувањето.