Поради грешка на Твитер, тајните твитови на корисниците би можеле да бидат видливи за странци.
Корисниците открија „баг“ кој открива барем дел од објавите од приватните твитови на Twitter Circle на корисници кои не се дел од овие кругови.
Споменатите твитови редовно се прикажуваат во For You препораките на следбениците, додека некои истакнуваат дека содржината може да ја видат и сосема непознати лица.
Confirmed someone I’m not even following was able to see a private Twitter Circle tweet (thank you @TheSahilDev)
This hurts trust in the platform a lot. Should be top priority @TwitterEng pic.twitter.com/BCYPkikJ2p
— Theo – t3.gg (@t3dotgg) April 8, 2023
Ова може да биде проблематично ако користите Twitter Circle за да разговарате за чувствителни теми или сакате да го оневозможите потенцијалното вознемирување.
Твитер не беше достапен за коментар за наводите, бидејќи платформата го отпушти својот тим за односи со јавноста.
Twitter Circle имаше различни проблеми со месеци, но до сега не беше очигледно дека има грешка што дозволуваше да се споделуваат твитови со луѓе надвор од кругот.
Корисниците сега не можат да бидат безбедни бидејќи не веруваат дека нивните приватни твитови и објави ќе останат такви.
Поврзани артикли