Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка на полето на уреди со флексибилен екран, а новиот патент дополнително го потврдува тоа.
Се уште не е познато дали Apple планира да претстави iPhone со флексибилен екран, или iPad или некој друг уред, но компанијата секако не планира да го игнорира овој сегмент од пазарот, кој се уште се развива.
Се појави патент во кој Apple ја опишува технологијата за уреди со флексибилни екрани кои автоматски би го активирале екранот да се затвори доколку телефонот или таблетот падне.
Технологијата користи сензори и акцелерометар кој може да препознае дека уредот паѓа од височина, по што екранот се затвора. На овој начин може да се избегне или намали евентуалната штета.
Патентот, исто така, наведува дека ако екранот не е целосно затворен, може да се спречи поголема штета ако екранот на уредот е делумно затворен во споредба со падовите кога екранот е целосно изложен на пад од поголема височина на тврда површина.
Засега нема гаранции дека овој патент ќе биде имплементиран. Како и секогаш, кога се во прашање патентите, нивната реализација може да биде премногу комплицирана, скапа и никогаш не е сигурно дека ќе бидат комерцијализирани.
Засега, Apple официјално не коментираше какви било планови за развој на уред со флексибилен екран.