Google Chrome има некои од најдобрите екстензии, но понекогаш некои од оние дизајнирани да го олеснат прелистувањето на веб имаат сосема спротивен ефект.
Така, „tracker блокаторите“ можат да рушат страници како Твитер, некои екстензии влијаат на тоа како се вчитуваат мобилните сајтови и има безбедносни проблеми со некои апликации што можат да читаат податоци.
Рачното оневозможување на поединечни екстензии може да биде мачна задача, па Google одлучи да тестира опција која ќе им овозможи на корисниците на Chrome да го прават тоа со еден клик.
Корисникот на Reddit, Leopeva64, нашол докази дека Google развива ново мени за екстензии на Chrome, со копчиња за брзо да ги угаси групно.
Функцијата моментално е дел од Chrome Canary (делот во Chrome каде се тестираат новите функции), но не е функционална и списокот со екстензии е празен. Но, штом ќе биде функционално, ова копче ќе ви овозможи лесно да ги оневозможите екстензиите, да блокирате малициозен софтвер и да вршите сигурни плаќања.
Во моментов нема информации кога опцијата за оневозможување на екстензии со еден клик ќе стане достапна за сите корисници.
Поврзани артикли