Јужнокорејската компанија најверојатно ќе обезбеди ажурирање One UI 5.1 за телефоните од серијата Galaxy S20.
Минатата година, Samsung вети дека ќе испорача четири главни ажурирања на оперативниот систем Андроид на своите премиум и некои телефони од средна класа. Сепак, ажурирањето е ветено само за серијата Galaxy S21 и поновите телефони.
Беше најавено дека Galaxy S20 сепак ќе добие три главни надградби на Android, што значи дека Android 13 беше последното големо софтверско ажурирање за оваа серија на телефони. Сепак, имаме добри вести за сопствениците на Galaxy S20.
Samsung започна со внатрешно тестирање на ажурирањето One UI 5.1 за Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra.
Информациите од серверите на Samsung откриваат дека следното ажурирање на софтверот што се тестира има верзија на фирмверот G980FXXUFHWA1. Ознаката „H“ во него покажува дека се работи за големо ажурирање.
Ова е секако добра вест за корисниците на серијата телефони Galaxy S20, бидејќи јужнокорејската компанија најверојатно ќе обезбеди ажурирање One UI 5.1 за споменатите уреди.
Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra ќе добијат уште две години безбедносни ажурирања, што е подобро од она што го нудат повеќето други производители на телефони со Android.