Ubisoft повторно ќе почне да ги нуди своите игри на платформата Steam, речиси четири години откако компанијата се фокусираше на Epic Games Store и на сопствениот Connect launcher.
Првата игра, која ќе биде достапна на Steam, е еден од најпопуларните наслови на овој издавач во последните години – Assassin’s Creed Valhalla. Оваа игра ќе биде достапна на Steam од 6-ти декември.
На платформата подоцна ќе се појави и Anno 1800 “city builder”, како и бесплатната игра Roller Champions.
Assassin’s Creed Valhalla го носи со себе најновото ажурирање. The Last Chapter, исто така, пристигнува на 6-ти декември, и ќе ја заврши приказната за Evior и некои други заплети.
Ubisoft истакна дека нема да додаде нов Game+ режим, бидејќи сфатил дека длабочината на играта нуди ограничени опции за уникатно и извонредно искуство на повторување на насловот.