Функцијата Communities е начин да се организираат повеќе групни разговори, така што разговорите во поединечни групи остануваат фокусирани на одредена тема, но учесниците сепак можат лесно да ги менуваат темите.
На пример, корисникот може да создаде Community за неговото соседство, а потоа дискусијата да ја подели на поединечни групи, една за групни активности, една за организација на различни работни места и слично. Секоја заедница има и група за објавување каде модераторите можат да споделуваат важни вести со другите членови.
На овој начин, WhatsApp ги направи групите Communities, како и стандардните групни разговори, многу покорисни. Како што беше ветено, максималниот број на учесници во групата е зголемен од 512 на 1.024. Во случај на видео повици, во нив можат да учествуваат најмногу 32 членови.
Друга корисна карактеристика се анкетите во чатовите, кои можат да и помогнат на групата или заедницата да гласа за одредено прашање без да мора да користи услуги од трети страни. Како и стандардните разговори на WhatsApp, Community групите имаат шифрирање од крај до крај.
Кога корисникот ќе ја преземе најновата верзија на WhatsApp, ќе се појави нов таб Communities, кој ќе се наоѓа на горниот дел од екранот во случај на Android, или на дното во случај на iOS.
Функцијата Communities беше развиена земајќи ги предвид повратните информации од 50 организации во 15 земји, така што новиот интерфејс ги исполнува нивните потреби. Тимот на WhatsApp вети дека ќе продолжи да работи и да додава нови функции во наредните месеци.