Иако iOS 16 само што пристигна, Apple веќе откри детали за тоа што е следно за овој оперативен систем.
Станува збор за функцијата наречена Clean Energy Charging, која компанијата ќе ја понуди на корисниците во САД нешто подоцна оваа година како дел од ажурирањето. Оваа функција ќе го оптимизира времето на полнење за периодот кога електричната мрежа користи поодржливи извори на енергија. Apple вели дека целта е да се намали јаглеродниот отпечаток на iPhone.
Оваа функција ја надополнува опцијата Optimizing Battery Charging која Apple ја воведе пред неколку години за да го максимизира „здравјето“ на батеријата. Со активирање на оваа поставка, iPhone ја „учи“ дневната рутина за полнење и го ограничува полнењето на батеријата на 80 проценти до моментот кога корисникот ќе почне повторно да го користи својот iPhone или Mac кои исто така ја имаат истата функција.
Покрај тоа, iCloud Shared Photo Library доаѓа и оваа година, а се работи за создавање посебна iCloud библиотека до која ќе можат да пристапат најмногу шест луѓе. Apple ќе воведе и поддршка за Matter smart home стандардот кога ќе стане достапен оваа есен.
Корисниците на iPhone компатибилни со iOS 16 сега имаат пристап до голем број нови функции првенствено поврзани со персонализација.
Функцијата Live Activities го олеснува следењето на одредени работи во реално време, како што се статусот на испорака или спортските резултати. Опцијата за уредување и враќање на испратените пораки во апликацијата iMessage ќе биде голема работа за многумина, како и можноста за копирање и „лепење“ на објекти од една на друга фотографија.
Поврзани артикли