На корисниците на Google Chrome на платформите Windows, Mac и Linux им се препорачува да го инсталираат најновото ажурирање на прелистувачот.
На овој начин корисниците ќе се заштитат од сериозни безбедносни пропусти кои хакерите активно ги искористуваат. Google не објави премногу информации за откриениот баг и како функционира.
„Google е свесен за извештаите дека постои ранливоста CVE-2022-3075“, објави компанијата во блог пост од 2 септември. Анонимен известувач го пријави проблемот на 30 август, а Google рече дека очекува ажурирањето да стане достапно за сите во наредните денови или недели.
За да го активираат ажурирањето, корисниците на Chrome треба само да го рестартираат прелистувачот. Ако Chrome е на верзијата 105.0.5195.102 (Windows, Mac и Linux), ажурирањето е завршено. Можете да го проверите ова со кликнување на трите точки во горниот десен агол на прелистувачот, одете во делот Help и кликнување на опцијата About Google Chrome.
Ова е шеста „zero-day“ ранливост со која се соочи Chrome оваа година. Последната ранливост, која беше активно искористена, беше пријавена во средината на август.