Новото истражување покажа дека глечерите во Швајцарија изгубиле повеќе од половина од својот волумен за помалку од 100 години, а ова долго лето го забрза губењето на мразот.
Глечерите привлекуваат скијачи и планинари, но тие се и клучни за снабдувањето со вода во Европа.
„Веројатно сме меѓу првите луѓе што пешачеле овде. Можете да ја видите оваа голема карпа како излегува од мразот, а пред 45 или 50 години беше целосно во мразот и не можевме да ја видиме. Ако ги видиме промените, тие се огромни. Кога ја градевме оваа жичарница, моравме да ископаме лед длабок пет до седум метри поради нивото на кое беше. Тоа беше пред 23 години, и погледнете каде е глечерот сега. Во наредните неоклку години се ќе се менува многу брзо, тоа нè тера внимателно да размислуваме за иднината, за водата и глечерите, колку долго ќе биде со нас во Швајцарија и низ светот. Тажно е што се случува, можеме да придонесеме да се забави топењето, но не можеме целосно да го запреме, барем не на оваа висина“, рече Бернхард Тшанен.
Карпата прикажана на видеото била покриена со мраз илјадници години, а сега е изложена поради топењето на мразот. Глечерите во Швајцарија се намалија за повеќе од половина во изминатиот век и исчезнуваат со рекордна брзина по топлотните бранови забележани ова лето, пишува Би-Би-Си.
Мразот ги поврзува врвовите на планините и ги држи заедно, а како што се топи, карпите стануваат нестабилни.
Бернхард ги покрива преостанатите мраз и снег со бели заштитни платна кои ја рефлектираат сончевата топлина.
Инаку, глечерите ги полнат европските реки со вода и ги наводнуваат посевите. Без вистински напор за борба против климатските промени, научниците тврдат дека глечерите би можеле да исчезнат за неколку децении.
Поврзани артикли